Home Естрада Елена Петреска и Жаре Бербер се “ФАТИЈА ЗА ГУША” на аудицијата во...

Елена Петреска и Жаре Бербер се “ФАТИЈА ЗА ГУША” на аудицијата во Кавадарци

После многу години, практично, од “Вашите 5 минути” наваму, во Македонија почна да се реализира ток-шоу налик на оние од соседството, каде на луѓе кои имаат талент за пееење им се дава шанса да ги покажат своите интерпретаторски квалитети.

Познатиот пејач и шоумен, Жаре на почетокот беше најавуван како водител на шоуто “Sвезда Бр.1”, кое ќе се емитува на 1ТВ, но на снимањето на првите аудиции тој се појави во улога на член на жири комисијата.

loading...

Се чини вистинска одлука на продукцијата, познавајќи го Жаре и неговата смисла за хумор и забава, но и неговото дведецениско искуство во музиката, пред сè ноќните свирки во нашата држава.

Дека Берберот ќе го направи ова шоу интересно за гледачите, се виде веднаш на аудицијата која изминаве денови се одржа во неколку града. Во Кавадарци се појави девојка, која имаше спремено две Македонски песни, но после првата песна беше прекината од пејачката Елена Петреска, со прашање дали знае нешто странско.

На ова веднаш изреагира Жаре кој и напомена на Елена дека не може да го ограничува кандидатот каква песна ќе пее, односно, дека почетокот на еден пејач, не значи и доживотна определба за правец во музиката, бидејќи, веќе од стартот се забележува дека Елена Петреска, која исто така е член на жирито, преферира забавна музика, особено странска.

Е сега, доколку некој кандидат не знае англиски, и ако знаеме дека под “странска”  музика се подразбира и Српска и Бугарска, ќе биде интересно да се види каква ќе биде реакцијата на Петреска во иднина.

Следуваше реакција и од Елена и страстите се смирија. Секако, ова не значи дека шоуто тргнало во несакан правец. Напротив, позитивно е кога во жирито има спротивставени мислења. Тоа најдобро можеме да го забележиме во Српските ток шоуа, кога членовите на жирито исто така зборуваат на висок тон меѓу себе.

loading...