Home Естрада Еве како изгледаше водителката на “Брза кујна” во минатото (ВИДЕО)

Еве како изгледаше водителката на “Брза кујна” во минатото (ВИДЕО)

Веќе три сезони и повеќе од 100 емисии откако почнавме да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ на телевизија Сител.

Покрај шефовите Марк и Никола, домаќинката на шоуто, водителката Александра Илиевска стана препознатливо и омилено лице на верните гледачи.

loading...

Дека се меѓу омилените ТВ лица, покажува интересот на гледачите и тие непосредно да ги запознаат и да готват заедно со маестралните шафови кои секојдневно знаат да не изненадат во своите вешти раце и креативноста.

Александра пак, иако не готви, а и не многу е умешна во тоа, има свој посебен шарм со кој плени пред камерите и ги освојува симпатиите. Препознатлива е по витката фигура, убавото говорење, позитивната енергија, но и белиот прамен во нејзините специфични шишки во косата.

Александра Пановска, која ја знаеме како водителка на шоуто „Брза кујна“, кариерата ја започна како радиоводител на „Клуб ФМ“, а на телевизиските гледачи им стана позната преку реалното шоу „На иста адреса“.

Ова беше нејзиниот прв телевизиски ангажман како водителка.32-годишната скопјанка е вистинска миленичка на публиката во Македонија.

Но, малкумина се сеќаваат на неа од пред десет години кога се појави во спотот на Јован Јованов за песната „Сега јас си заминувам“.Тука Александра е во сосема поинакво издание од денес.

loading...