Home Живот Силна девојка: Иако во инвалидска количка, стана докторка

Силна девојка: Иако во инвалидска количка, стана докторка

Дарија Бојаџиева од соседна Бугарија има животна цел за која мечтае и сака по секоја цена да ја оствари иако животот и зададел голем удар. Во таа борба е со својата сестра близначка, Василена Бојаџиева која што е доктор.

Детството на двете сестри близначки било безгрижно и среќно. Уште како млади девојчиња тие имале голема желба еден ден да станат докторки. Кандидирале и биле примени на Медицинскиот универзитет во Варна.

loading...

Се било супер и според плановите, но во втората година од студиите и бил откриен тумор во мозокот на Дарија поради кој била подложна на неколку операции. И покрај прогнозите дека по неколку месеци рехабилитација, Дарија ќе се крене на нозе, тоа не се остварило и веќе 4 години е врзана за инвалидска количка.

Па така животот на Дарија кога имала 21 година драстично се променил, но таа ниту за миг не помислила да се откаже од сонот да биде лекар. Па така дипломираше и веќе работи во болница каде ја поминува неопходната пракса.

Сепак двете сестри како и многу млади доктори во Бугарија и регионот веќе подготвуваат документи за преселба во странство.

loading...