Home Живот Вчера влегов во 9 месец и дознав дека сопругот ме изневерува

Вчера влегов во 9 месец и дознав дека сопругот ме изневерува

Со Васко се запознавме на една забава после Нова Година, пред две години. Јас бев излезена со другарки, а тој со другари во ноќен клуб на кејот во Скопје. Се запознавме пред тоалетите кога чекавме ред.

Тој духовито ми дофрли некоја шега, јас имав испиено две чаши вино, се вративме во локалот и за кратко време се бакнавме. Од тој момент сме речиси неразделни. Почнавме да се гледаме секој ден, да излегуваме, јас кај него, ток кај мене.

loading...

Почнав и да преспивам кај него, бидејќи имав триесет години, не бев дете. Васко е две години постар. Како да ви кажам, беше прекрасно.После само една година “одење”, решивме да се земеме.

Направивме веридба, а пролетта и свадба. Моите беа пресреќни, сестра ми која е помала од мене исто така. Дури знаеше да ми рече, еее Верче, камо и јас да најдам ваков дечко ко твојот, добричина.Забременив, се вселивме во нов стан, го уредивме со ќеиф.

Купивме и наш автомобил. Васко добро заработува и не беше проблем сето ова да го направиме. А и јас работам и земам добра плата. Бременоста ја поминав добро, Васко ме носеше на сите потребни прегледи. Одев на работа до скоро, до пред да влезам во деветти месец.

А можеби и тоа ми е грешка, сега ко ќе размислам.Зошто? Затоа што, дури јас бев на работа, Васко преку ден постојано излегуваше. Ми велеше дека оди да се види со деловните партнери, бидејќи работи приватно, или со некој другар на кафе. И јас слепо му верував. Но, денес отсабајле, дојде сестра ми кај мене дома и ми рече Верче, имам нешто да ти кажам.

Во понеделникот го видов Васко во Капиштец кај Млечен со една девојка!Ми се сруши светот. Мислев дека се шегува со мене. Но не. Ми рече, Верче, подобро сега да ти кажам, иако си пред пороѓај, да си знаеш. Неќам да те прави овца Васко. Не мораш веднаш да реагираш, само да си знаеш. Ама чекај, и реков, што правеше со неа? Се бакнуваше, што правеше, одговори сестра ми.

-Се бакнувал онака пријателски? – прашав наивно. Не Верче, вистинско ми изгледаше, ама сепак ти испитај си тоа!И сега што да правам. Сега да направам сцена, ќе се изнервирам, може контракции пред време да добијам. Да си ќутам, може уште полошо, ќе се јадам во себе. Ќе ми измисли сигурно нешто, као братучедка или “најдобра другарка”.

Сепак и сестра ми не ми делуваше баш најсигурна во себе. Или можда сега си се залажувам јас дека тоа сестра ми шо го видела, “не е тоа што мисли”.Тоа е драги мои, за жал животот носи сè и со сите проблеми мораме да се износиме.

Ќе одлучам утре што ќе правам и ќе пишам повторно. Едноставно, сакав да споделам ова, а ме интересираат и вашите коментари, како вие би постапиле доколку се најдете во мојава ситуација.

И.ПФОТО: Илустрација

loading...