Home Вести Свет ПЕТАР ОД СРБИЈА ВО СРЦЕТО НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ АТАК: Се слушнав со повеќето...

ПЕТАР ОД СРБИЈА ВО СРЦЕТО НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ АТАК: Се слушнав со повеќето Срби кои живеат тука – нема повредени

Петар Прокиќ, Србин кој живее и работи на Шри Ланка, вели дека во денешните експлозии на островот во Индискиот Океан, каде што стотици луѓе беа убиени и повредени, ниту еден граѓанин на Србија не бил повреден.

“Бевме во добро празнично расположение, но потоа добивме информации за експлозии”, изјави Прокиќ за Радио Белград, додавајќи дека слушнал од неколку српски државјани кои исто така живеат на Шри Ланка дека сѐ е во ред со нив.

Тој рече дека, според неофицијални информации, меѓу загинатите има 40 странски државјани.

Прокиќ потенцира дека безбедноста е зајакната, и дека е воведено полициски час, а полицијата обезбедува цркви и хотели.

Меѓу локалното население нема паника, туку загриженост, бидејќи, како што вели Прокиќ, тие поминале низ 30-годишна граѓанска војна и дека туристите се загрижени поради тоа што не знаат што се случува.