Home Естрада Откриено колку тежи во КЕШ Горан Бреговиќ

Откриено колку тежи во КЕШ Горан Бреговиќ

Горан Бреговиќ (69) е сопственик на триесеттина недвижности. Имотот му содржи претежно луксузни вили, но како што објаснува за 24 часа.хр, тој поседува и станови, апартмани, студија, а неговото богатство се проценува на околу 35 милиони евра.

Во 2005 година, Бреговиќ купил двоспратна зграда во Загреб од 550 квадратни метри и ја изнајмува за околу 5.500 евра месечно.

Соседите на Бреговиќ во Белград тврдат дека само во српскиот главен град има 15 куќи. Кога е во Србија живее во Сењак, во луксузна вила опкружена со високи огради и гаражна врата на далечинско управување.

Дворот не може да се види од улицата, а како заштита од грабеж, тој исто така инсталирал систем за видео надзор. Имотот покрај вилата е исто така негов, и таму изградил објект што личи на сала за славење, со простор однапред, за да си играат децата на неговите пријатели.

Секоја вила на Горан Бреговиќ е проценета на најмалку еден милион евра. На Јахорина има имот од 450 квадратни метри, во Пераст две куќи и старечки дом, во кој инвестирал нешто повеќе од еден милион евра, потоа вили во Париз, Истанбул… Секаде каде што ќе му се допадне, купува недвижен имот!