Home Живот Шерифовиќ оперирана од рак на дојка – тежок удар за Марија

Шерифовиќ оперирана од рак на дојка – тежок удар за Марија

Мајката на Марија Шерифовиќ, Верица води борба со тешка болест и се лекува на Институтот за онкологија и радиологија во Белград. Познатата пејачка е оперирана од рак на дојка, а нејзината ќерка Марија не се одвојувала од неа, објавија локалните медиуми.

– Верица минатата година за време на рутински преглед откила промена на дојката. Докторите ја упатиле на додатни анализи и дијагностицирале рак. Веднаш е одведена кај најдобрите доктори, каде е откриен рак во прв стадиум и решено е да се оперира, вели извор близок до пејачката, дополнувајќи дека Марија ја посетувала секој ден и се грижела за неа.

– Марија доаѓаше секој ден, се грижеше некој да не ја вознемирува, и само најблиски пријатели и роднини можеа да ја посетат, додал извор близок до семејството.

По операцијата резултатите покажале дека Верица е добра, а откако Марија го слушнала тоа се вратила на своите настапи и ангажмани.