Home Вести Свет Се појави авионот на Air France кој исчезна од радарот

Се појави авионот на Air France кој исчезна од радарот

Авионот на летот од Париз кон Мумбај исчезнал од радарите недалеку од иранскиот регион Исфахан.

Иако се стравувало дека се случила трагедија, авионот безбедно слетал на аеродромот кај Исхафан. Засега не се познати причините за промената на рутата на авионот.

„Флајтрадар 24“ кои го набљудуваат авио-сообраќајот, соопштиле дека е изгубен сигналот со авионот.

Авионот полетал од Франција и потоа летал преку Европа и западна Азија пред да исчезне над централен Иран.

Пред да биде изгубен контактот, пилотот се огласил со “7700“, што укажува на општа опасност.

Loading...