Home Вести Македонија Детали за убиството во тетовско: Работник го усмртил работодавачот со камен во...

Детали за убиството во тетовско: Работник го усмртил работодавачот со камен во глава

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на местото на кое 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, денеска во 13:30 часот го лишил од живот неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.

Настанот се случил во расадник во селото Прељубиште, сопственост на сега починатиот. Осомничениот вработен во расадникот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди.

loading...

– Полициски службеници како и јавен обвинител се заминати за Прељубиште за да започнат увид. Од увидот треба да дознаеме повеќе детали за случајот – соопштија од СВР Тетово.

Од тетовското Обвинбителство соопштија дека јавен обвинител врши увид на местото на кое 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, денеска во 13,30 часот го убил неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.

loading...