Home Вести Свет Во Алабама, САД доживотен затвор за доктор кој ќе изврши абортус –...

Во Алабама, САД доживотен затвор за доктор кој ќе изврши абортус – таков закон е донесен

Ва Алабама се наоѓа најстрогиот документ за абортус, со кој може да се казнат докторите кои ќе извршат абортус со доживотна казна затвор, пренесува „Си-Ен-Ен“.

По повеќе од четири часа дебата, Сенатот предводен од републиканците гласаше со 25-6 за да помине овој закон, со што докторите може да добијат 99 години затвор.

loading...

Законот дозволува исклучоци доколку „може да доведе до сериозни здравствени последици за мајката“, ектопична бременост или доколку „нероденото дете има смртоносна аномалија“.

Демократите повторно воведоа амандман за ослободување на жртвите на силување и инцест, но предлогот не успеа со 11-21.

Гувернерката има рок од шест дена за да го потпише, а ако тоа се случи, ќе бидат потребни шест месеци за законот да стапи во сила. Иако гувернерката се нема изјаснето јавно за тоа што ќе биде нејзината одлука, претходно била против абортусот.

loading...