Home Вести Дијаспора Балканци, меѓу кои и Македонци чистат риба во Америка и заработуваат многу

Балканци, меѓу кои и Македонци чистат риба во Америка и заработуваат многу

Meѓу Балканците најнов тренд за брза заработувачка стана Алјаска. Се повеќе невработени, но и оние кои имаат мали примања се одлучуваат да заминат на далечниот север и да чистат риби.

Иако звучи примамливо се работи за тешка работа со работно време од 12 до 16 часови на ден без слободен викенд. Како што велат оние што заминале, ова е работа за оние кои се ментално силни и можат да ги издржат сите услови.

За три месеци, колку што најчесто траат договорите додека трае сезоната на лов може да се заработи од 7.000 до 12.000 долари. Кандидатот треба да е минимум една година вработен во својата земја и пожелно е да биде во брак.

Плаќате 100 долари за виза и уште толку за апликација и доколку го поминете интервјуто од свој џеб го плаќате авионскиот лет кој чини околку 1.500 долари. Таа сума работодавецот ви ја враќа кога ќе почнете со работа.