Home Вести Дијаспора Вие многу гледате филмови и се плашите но едно ќе ви кажам...

Вие многу гледате филмови и се плашите но едно ќе ви кажам – Њујорк е најбезбедниот град на светот

Галама здраво. Потекнувам од Виница и во Ам,ерика живеам веќе осум години. Одтидов преку work and trawel и потоа успеав тука и да останам. И тоа не било каде, Туку во Њујорк. Можам слободно да кажам, центарот на светот.

По групите на социјалните мрежи читам постојано прашања, дали е овој град безбеден. Од луѓе кои сакаат да го посетат, претежно жени ги поставуваат овие прашања.

Јас како жена, можам само едно да ви кажам. Сметам дека Њујорк е еден од најбезбедните, ако не и најбезбедниот град на светот.

Најслободно се движам низ улиците, дури и два / три часа по полноќ, кога ќе ми заврши смената на работа. Па дури и во метро сум се качувала, нема никаков проблем.

Кога првпат ќе стапнете во прекрасниот град, освен што ќе бидете маѓепсани од неговата грандиозност, веднаш ќе ви стане јасно што ви зборувам. Тука има полиција на секој чекор.

Но не се ова страшни “чичковци” кои ќе ве гледаат попреку, туку ова се луѓе постојано насмеани, кои се спремни во секој момент да ви помогнат за било што, па дури и за најобчни туристички работи.

Значи, ако имате шанса, најтопло ви препорачувам, дојдете во “Градот”.

Авторски текст, не смее да се реемитува од други портали без одобрение од редакцијата на Галама.