Home Вести Нема кој да работи во туристичките бисери: Се бараат работници и од...

Нема кој да работи во туристичките бисери: Се бараат работници и од Македонија

Летната туристичка сезона на јадранското приморје е загрозена затоа што нема кој да работи во угостителските и хотелиерските објекти.

За тоа е виновна владата која не обезбедила доволно квоти за вработување странци во туризмот, секако тука вклучувајќи ги и Македонците.

Хрватската задруга за туризам и Хрватската задруга на работодавачи испратиле барање за итно зголемување на квотите во туризмот до Министерството за труд и до Министерството за туризам.

Работодавците додаваат дека со недели апелираат да се помогне на туристичкиот сектор за решавање на овој проблем, но дека ресорните министри и владата се потполно „глуви“.

Квотите се потрошени, а нема кој да работи иако во Хрватска веќе пристигнале странските работници, пренесе Индекс.хр

Туризмот во Хрватска придонесува за 20 отсто од вкупниот БДП на земјата, а со ваков однос, тоа нема да може да се исполни.

Loading...