Home Естрада Цеца вчера ја изненадија со роденденска прослава – дали овој подарок е...

Цеца вчера ја изненадија со роденденска прослава – дали овој подарок е од некое момче?

Цеца Ражнатовиќ вчера го прослави 46-от роденден, а ќерката Анастасија и  нејзината сестра Лидија,  направија изненадувачка забава.

Како што пишуваат српските медиуми, додека пејачката била на прославата на првиот роденден на ќерката на нејзината пријателка Слаѓа Алегро, нејзиното семејство се подготвуваше за забава во семејната вила на Дедиње.

– Цеца дури и не насетуваше дека ќе биде изненадена покрај базенот дома. Анастасија и Лидија  имаа поставено бројни балони, конфети, роденденски колачи, а и ги собраа и најблиските пријатели. Сите заедно почнаа да ги пеат стиховите: “Денес е прекрасен ден …” – ја започнува приказната  извор близок до семејството Ражнатовиќ.

Фолк ѕвездата станала толку емотивна што нејзините очи се исполниле со солзи радосници.

– Таа беше во шок! Не ни сонувала да гледа таква сцена дома. Кога се прибра, таа им рече: “Никој не го направил досега ова изненадување за мене, го имам најдоброто семејство и пријатели во светот.” Потоа прославата кај базенот продолжи до доцна во ноќта – завршува изворот на приказната.

Фановите инаку веднаш се запрашаа дали овој подарок со рози и бонбони можеби е од нејзиното момче?