Home Останато (ВИДЕО) Посвоил пет деца со посебни потреби и вели: Не планирам тука...

(ВИДЕО) Посвоил пет деца со посебни потреби и вели: Не планирам тука да застанам

Бен Карпентер вели дека отсекогаш сакал да има деца. Кога наполнил 21. година одлучил да посвои дете со посебни потреби посебно затоа што работел во училиште за деца и возрасни со потешкотии во развојот.

„Мислев дека нема да ме прифатата како кандидат за посвојување зошто сум самец“, објаснува Бен и додава дека службата за посвојување токму затоа го прифатила, а додатно било и неговото работно искуство.

Во меѓувреме поминале девет години и сега има пет деца, и вели дека не планира тука да застане. Засега се грижи за три момчиња и две девојчиња./ Џек има аутизам, Џозеф Даунов синдром, а најмладиот Ноа боледува од редок синдром и серозни дефекти кои влијаат и на рацете и нозете.

„Ноа е супер и совршено се вклопува во нашето семејство, и да бидам искрен, се чувствувам како отсекогаш да е со нас“, тврди Бен.

Девојчето Руби има Пјер – Робинов синдром и ограничена употреба на рацете поради недостаток на коски, а Лили е глува. Бен раскажува дека живее во идилична семејна атмосфера, посебно што браќата и сестрите се грижат за Ноа, а најмногу придонесува Лили кој посебно е мајчински настроена и многу помага.

Бен прима парична помош и живее од својата заштеда. Како посвоител има право на неделен детски додаток од 20 фунти за првото дете и 13.70 за второто. Посвојувањето деца со пречки во развојот подразбира и додаток за доживотен инвалидитет, кој е наменет за деца помлади од 16 години, а на кои им е потребно старателство.

Бен објаснува дека никогаш не сакал да има свои биолошки деца зошто смета дека постои нешто повеќе од тоа.

„Да, можеби тие ја немаат истата крв како и јас, но кој се грижи за тоа“, нагласува тој.

Моментално планира да посвои уште деца, но вели дека во иднина ако на неко дете му треба помош, сигурно на крајот би го посвоил.