Home Вести Деветчлено семејство од Куманово: Со 3000 денари не се живее, децата се...

Деветчлено семејство од Куманово: Со 3000 денари не се живее, децата се гладни, куќата ни се распаѓа

Делови од покривот на куќата им паѓаат во простријата кадешто спијат. Многудетното семејство Петековски од селото Драгоманце со години преживуваат во куќа која се рапаѓа и им ја загрозува нивната безбедност. Живот на ова семејство се чини дека нема ниту една човечка димензија, седум дечиња честопати заспиват гладни, без елементрани услови, немаат ниту вода, ниту струја.

Велат дека не добиваат топол оброк од Ценатарот за социјални работи затоа што биле пополнети мстата. Нивната мајка која е трудна осми месец, не била ниту еднаш на преглед затоа што немале пари за превоз, најблиската амбулантата е во Куманово. Сопругот кој има 39 години вели дека се чувствува беспомошно, не може да најде постојана работа, работи се што ќе му понудат, но тоа не е доволно за да преживее ова девет члено семјство кое до сега примало соцојална помош во висина од околу три илјади денари.

Во меѓувреме додека бевме кај ова семејство стапивме во контакт и со градончалчаничката на општина Старо Нагориачне, Жаклина Јовановска, која живее неколку куќи до нив и какошто посочија, им ветила дека општината ќе им помогне. Но, бидејќи не беше во државата не можеше да ни објасни зошто до сега не преземале ништо.Телефонски се разјаснуваа и со Дејан кому му беше нејасно каде исчезнало неговото барање и што треба дополнително да поднесе. Градоначалничката по поркака не информира дека општината ќе им помогне.

– „Општината на семејството ќе му обезбеди еднократна парична помош за поправка на кровот на куќата и бесплатен приклучок на водоводната мрежа преку Јавното Комунално претрпијатије со одлука на советот на општината. Општината колку што е во можност според финансиската ситуација им помага на социјалните семејства кои ги има многу во нашата општина.“

Целата сторија проследете ја на ТВ 24