Home Вести Тричковски за учесниците на контрапарадата: Тоа се конзервите на македонската заостанатост

Тричковски за учесниците на контрапарадата: Тоа се конзервите на македонската заостанатост

Статус на Бранко Тричковски:

Скопје прајд, во слава на слободата!

Не се сеќавам дека во Скопје имало повесела, пошарена, поослободителна, посончева, манифестација, од Првата прајд парада. На различноста. Отидов да дадам поддршка на една маргинализирана и онеправдана група, но се случи некое чудно взаемнодејствие така што колку јас турав капки во казанот на нивното ослободување, толку, или уште повеќе, тие сипуваа во бардакот на мојата слобода.

Скопје прајд го доживеав како културолошки и филозофски исчекор на општеството во една модерна, европска и светска димензија. Тоа е така охрабрувачки. Особено на фонот на општата катастрофичност, огорченост и безнадеж, што се шират како пожар во сува трева.

Се разбира, во преден план беа проблемите, правата и интересите на ЛГБТ популацијата, но позитивната енергија што зрачеше во текот на целата манифестација имаше и пошироки значења.

Прајдот беше подржан од пријателите на домашните хомосексуалци од соседните земји и од различните во сексуалната ориентација во земјава и воопшто од луѓето што се сметаат за слободни или мислат дека не се под колективната стигма. Во димензии кои за една, сепак, заостаната и културно згмечена земја, беа импресивни.

Враќајки се откај паркот, меѓу зградите кај Друштвото на новинарите, ја забележав таканаречената контрапарада, попската манифестација на конзервите на македонската заостанатост, вкопаност, желкост, неподносливост кон промените, кон новото и модерното. Напумпано со омраза кон различното. Слушам дека ги водел некој поп што се викал Ивица. Сто посто ќе завршат во рајот. Тоа е место кај што Господ го остава секој човек да се ебе со самите себе.