Home Естрада Џенифер Лопез го доби Оскарот за Светска модна Икона (ВИДЕО)

Џенифер Лопез го доби Оскарот за Светска модна Икона (ВИДЕО)

Џеј Ло, Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез заедно беа во Њујорк на фестивалот на модата ЦФДА 2019.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез изгледаа прекрасно на црвениот тепих на модниот фестивал во Њујорк. Лопез беше прогласена за модна икона , а тоа го потврди и со прекрасниот црвен фустан со 43 илјади кристали.

Фустанот на Ралф Лорен од два дела ги истакнуваше одлично извајаните стомачни мускули , со кое Џенифер (49) може да се натпреварува со далеку помладите колешки.

Советот на модните дизајнери на САД и ја додели оваа награда на Џенифер Лопез за долгогодишното и глобално влијание врз модата. Претходните години добитници ан оваа награда биле Наоми Кембел, Бијонсе, Џони Деп и Ријана.