Home Вести Креатор на новиот НБА шампион е Македонец – човек чиј татко го...

Креатор на новиот НБА шампион е Македонец – човек чиј татко го сакаа сите нашинци во Канада

Екипата на Торонто Репторс за првпат во својата 24-годишна историја стана НБА шампион. Можеби помалку познат факт е тоа дека зад целата приказна стои Македонец.

Основач на НБА тимот е Џон Битов Јуниор , син на Џон Битов (Сениор). Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година,во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Освен што е основач на Торонт Репторс и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.

Неговиот татко Џон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада и е син на Никола и Вана, кои потекнуваат од македонското село Габреш Тој беше еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата.

Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна.

Растењето во семејство со трауми од прогонувањето и страдање, кај Џон го поттика чувството на патриотизам за Македонија и длабока љубов кон македонскиот народ. Оваа љубов го натерала Џон да го посвети животот на своите верувања и идеали да и помогне на Македонија и на македонците низ целиот свет. Неговата силна волја му овозможи да прерасне во успешен бизнисмен.

Џон Битов ќе остане како еден од ретките македонски херои на денешницата. Тој веруваше во слобода, правда и способноста сите Македонци да ги уживаат основните човекови права во државите на Балканот. Донираше средства на многу организации кои им помагаа на Македонците кои имаат потреба. Неколку христијански цркви се изградени благодарение на неговата поддршка – неодамна Богородица во Кембриџ и Свети Илија во Мисисага, и во Канада. Џон Битов исто така беше силен верник во образованието, што го принуди да иницира учење на македонски јазик на Универзитетот во Торонто. Г-дин Битов обезбеди стипендии за исклучителни студенти од македонско потекло во Северна Америка

Џон се оженил со својата сопруга Доца со американско и македонско потекло, во 1949 година. Тие беа заедно 67 години, се до неговата смрт. Џон и Доца Битов го основале „Canadian-Macedonian Place“ во 1978 година – дом за пензионери за над 100 Канаѓани со македонско потекло. „Canadian-Macedonian Place“ ги организира едни од најстарите македонски собири во Канада.