Home Вести Дијаспора Нов закон во Германија со кој квалификуваните Македонци ќе добијат полесно вработување

Нов закон во Германија со кој квалификуваните Македонци ќе добијат полесно вработување

По долгогодишните поплаки на бизнис заедницата во Германија, конечно промени во законот. Наскоро ќе можете полесно да се вработите во Германија, посебно доколку сте квалификувани ИТ- специјалисти, инженери, болничари, негуватели.

Предлог законот ќе им олесни на квалификуваните мигрантите да се доселат во големата економска сила во Европа.

Како што истакна министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер, со овој предлог закон ќе се определат јасни критериуми за работа, но и за живеење во земјата.

Порано предност за вработување на квалификувана работна сила имаа државјани на Германија и на Европската унија, со новиот предлог закон ќе може да се вработат и имигранти кои се стручно подготвени, обучени и квалификувани. Одредени категории под одредени услови ќе имаат дозвола да се преселат во Германија за да стекнат стручен тренинг.