Home Естрада Жаре постави нови стандарди – го износе шоуто на свој грб

Жаре постави нови стандарди – го износе шоуто на свој грб

Вечерва се одржува финалето на Македонското музичко талент шоу, ,,Sвезда Бр.1″. Наградниот фонд е богат, а натпреварувачите во финалето ќе се борат за главната награда, стан во Скопје!

Ова шоу почна скромно, во длабока сенка на Српските шоуа од типот на “Sвезде Гранда”, кои со години се емитуваат на нашите телевизии, а на нив учествуваат многу Македонци.

Но еден човек успеа “Sвезда Бр.1″ да ја дигне за скалило погоре. Нема да биде нескромно ако кажеме дека, буквално тој, Жарко Богатинов, од оваа емисија направи ШОУ.

Извонредни беа емисиите во кои Жаре и неговата партнерка, актерката Нина се движеа низ Македонските градови и села и го дигаа духот на мештаните. Највпечатлива беше емисијата кога се качија на трактор и се возеа низ Стенковец.

Својот успешен перформанс, Жаре го продолжи и на Гала вечерите изминатиот месец. Неговата енергија и ,,опаските” кои си ги дофрлаа со исто така бравурозниот Сергеј Варошлија, придонесоа, гледаноста на ова шоу, да биде топ, во овие летни денови, кога многу наши се на одмор.

Сосема различен водителски пристап, танцување, пеење, хумор… Сето тоа шармантно спакувано од единствениот Жаре, за кого во последно време важи изреката: ,,Доколку не постоеше, требаше да биде измислен”!

Петар П.