Home Вести Македонија може да остане без леб – познати и причините

Македонија може да остане без леб – познати и причините

Македонија годинава може да остане без лебно жито. Жетвата во Србија започна од пред неколку денови, но тамошните земјоделци велат дека годинава нема доволно пченица за извоз. Ова е многу важно за нас, бидејќи најголем дел од увозот на пченица и брашно во земјава доаѓа токму од српските ниви.

Србија годинава ќе нема доволно пченица за извоз. Српските агрономи од Факултетот за земјоделство во Белград велат дека годинава се очекува принос многу помал од лани.

Како причина за ова се наведуваат неповолните временски услови кои го зафатија Балканот. За да состојбата биде уште полоша, пченица има многу малку и на нашите ниви. Според Земјоделските здруженија има големи плантажи каде скоро и да нема род на пченица. Таму пак каде се жнее, приносте се могу мали и се за 25 до 30 отсто пониски од вообичаено. Според последните проценки на експертите годинава се очекува приносот да биде понизок од 1,5 тони по хектар.

-Временските услови кои беа многу неповолни за пченицата но и за останатите житни култури се главна причина за ниските приноси. Квалитетот е добар, но количина нема. За разлика од минатите години количините кои ги извезувавме ќебидат десеткувани, вели Јован Веселиновиќ, директор на „Борец“ од Војводина кој е еден од најголемите производители на пченица во Србија.

Нашите земјоделци велат дека производството на пченица во Македонија ова година се наоѓа во најтешка ситуација. Воедно цената за пченицата во последниот период се намалува.

Целата сторија проследете ја на 24инфо.