Home Вести Поразителен податок: Дури 70 % од вработените во Македонија заработуваат помалку од...

Поразителен податок: Дури 70 % од вработените во Македонија заработуваат помалку од просекот

Колку често размислувате за вашата плата? Дали таа е фер и дали истата соодветствува со вашиот придонес на работното место? Дали сте премалку платени и дали заслужувате повеќе?

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната нето плата по вработен во април изнесувала 24.786 денари. Меѓутоа, растот на просекот не значи дека пораснала платата на сите вработени во земјава.

Нашите анализи направени врз база на податоците од www.mojaplata.mk покажуваат дека дури 70 проценти од вработените во Македонија заработуваат помалку од просекот.

Ако направиме регионална споредба, за очекување е фактот дека најголема просечна плата има во Скопскиот регион, меѓутоа и таму, околу 70 проценти од вработените заработуваат помалку од просекот. Исто е и во Југоисточниот и Североисточниот регион (70 проценти), а потоа следат Југоисточниот и Вадарскиот регион (69 проценти), Полошкиот регион (68 проценти), Пелагонискиот регион (66 проценти) и Источниот регион (65 проценти).