Home Останато Во кој момент е најдобро да се купи Авионски билет

Во кој момент е најдобро да се купи Авионски билет

Цените на авионските карти се менуваат секојдневно од повеќе причини, меѓу кои цената на горивото и побарувачката. Да се најде евтин лет може да биде предизвик. Така, доколку купите прерано може да платите повеќе. Чекајте повеќе и добивате сличен резултат.

„Тајмингот“ е сè кога станува збор за авионските карти.Агенцијата „Cheap Air“, која работи он-лајн, открива дека најчестото прашање кое го добива од потрошувачите е поврзано за времето кога е најдобро да се купи авионска карта. Секоја година, агенцијата подготвува извештај за да го даде одговорот.

Во 2014 година било пресметано дека најдоброто време за купување карта е 47 дена пред летот во границите на САД. Во 2013 година, се покажало дека најдоброто време е 54 дена пред летот. Во Европа, најдобро е да се купи карта 276 дена пред летот.

Во извештајот се пишува и за најдобриот период (наместо еден ден) за наоѓање евтини летови. За 2014, тоа е помеѓу 27 и 114 дена пред летот. Кога станува збор за меѓународните летови, најдоброто време е помеѓу еден и четири месеци пред летот.

Според регионСАД и Канада – 47 дена, Мексико – 251 дена, Карибите – 144 дена, Јужна Америка – 96 дена, Европа – 276 дена, Среден Исток – 213 дена, Африка – 262 дена, Азија – 318 дена, Јужен Пацифик – 244 денови.

Loading...