Home Вести Швајцарија бара занаетчиите – важи и за Македонци

Швајцарија бара занаетчиите – важи и за Македонци

Еве прилика и за занаетчиите. Во Европа мајсторите и занаетчиите се баран „производ“ а Швајцарците буквално чезнеат за нив.

Таа земја во моментов има недостиг од голем број занаетчии, кои моментно се најголема работна сила на пазарот на труд. Според официјалните податоци , таму во моментов се бараат 42 778 занаетчии, а фирмите распишале вкупно 198 097 слободни работни места, податоци кои ги објави специјализираниот сајт Jobchannel.

Веќе со години најмногу непополнети работни места се од занаетчиска дејност. За споредба, моментно се бараат околу 4000 електромонтери, 2 260 инсталатери, 2143 столари, околу 1500 ѕидари и молери.

Швајцарија моментално ги анализира и причините на недостаток на занаетчии бидејќи е нејасно дали за тоа е виновна положбата на занаетчиите во општеството или дигитализацијата.

-Кристов Торман, претседателот на Централниот совет на занаетчиско образование на Швајцарија ја смета „академизацијата“ на општеството за важна причина на недостаток на занаетчии денес.

-Занаетчиските работи денес имаат и проблем поради дигитализацијата. Се фокусираат на компјутери и роботиката ја ставаат во втор план дека зад тоа стои многу техника и занаетчиско знаење-рекол Торман.

Матијас Енгел од Здружението на градежни мајстори апелира до швајцарските власти да не праќаат „погрешни сигнали“ , туку дека е важно да не се поттикнува само гимназиско и универзитетско образование, туку исто толку и занаетчиското. Бројот на работни места за занаетчии растел драстично до 2015 година кога недостатокот на овие профили изнесувал 23 976 а денес достигнал 42 778.

Loading...