Home Естрада Анета Молика се пофали со својата ќерка која порасна (ФОТО)

Анета Молика се пофали со својата ќерка која порасна (ФОТО)

Анета Мицевска е горда мајка на 16 годишната ќерка Моника, која не толку често ја експонира во јавноста. Гордоста на мама Анета и тато Џими израсна во вистинска убавица, која се повеќе наликува на својата позната мајка.

Овој месец јуни, Анета и Моника беа заедно во убавата Шпанија, односно на Палма де Мајорка од каде пејачката објави неколку фотографии.

Не требаше да помине многу време за мајката и ќерката да соберат многу ласкави коментари.

Младата Моника има талент за пеење, но не сака да биде пејачка, а нејзината баба во едно неодамнешно интервју изјави дека наследничката на Анета учи стоматологија и сака тоа да биде нејзина идна професија.

Ова лето мајката и ќерката си дадоа повеќе време за себе.

-Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника.

За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

Извор: Вистина

Loading...