Home Вести Македонија Се огласи Американската Амбасада: Се работи за ненамерна грешка

Се огласи Американската Амбасада: Се работи за ненамерна грешка

Разбираме дека во емотивни моменти, ненамерни грешки можат да се случат, велат од амбасадата на САД откако Тамара Тодевска синоќа на приемот за Денот на независноста – 4 јули испушти да испее четири стихови од официјалната химна.

„Соединетите Американски Држави ја почитуваат традицијата, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Благодариме на нашите пријатели и колеги кои синоќа со нас го прославија Денот на независноста.

Разбираме дека во емотивни моменти ненамерни грешки можат да се случат. Им благодариме на пејачите за нивните одлични настапи синоќа“, велат од амбасадата на САД.

Loading...