Home Живот Љубовта на Инас и Ела ја урна оградата на поделениот град Травник

Љубовта на Инас и Ела ја урна оградата на поделениот град Травник

Оградата ги разделуваше Мешаното средно училиште и Католичкото училиште во босанскиот град Травник. Вчера е урната , откако на социјалните мрежи беше испратена пораката со фотографии на ново венчаните Инас Дагоје и Елизабет Ела Хргиќ Дагоје , поранешни ученици на двете поделени училишта.

Тие се венчаа на 22 . јуни годинава и објавија фотографии , на кои се облечени како невеста и младоженец , а се од двете страни на жичаната ограда.

,,Оваа ограда не спречи порано да се запознаеме. Меѓу нашите училишта немаше омраза. А , еве на нашиот пример се гледа дека од другата страна на оградата има паметни деца , кои може да се засакаат . И тоа многу. “ , вели невестата во интервју за локалните медиуми.

Во јавноста приказната на Инас и Ела доби голема популарност , така што вчера од општината беа пратени багери за да ја урнат оградата.