Home Живот Стар дедо летнал преку плажа со колата во море – среќа што...

Стар дедо летнал преку плажа со колата во море – среќа што нема настрадани

Постар господин на возраст од околу 85 години сакал да паркира на самата ивица на патот, до плажата, но наместо на кочница, стиснал на гаста, па прелетал преку капачаите и завршил во море.

Притоа удрил во една госпоѓа, која подоцна Итната помош ја однела во болница. Сите биле шокирани, малите деца и родителите врескале од страв, велат очевидците.

Жителите велат дека плажата инаку е опасна бидејќи се наоѓа на самиот пат.

„Луѓето паркираат автомобили над капачите. Исто така на таа плажа има место каде што бродовите се паркираат“, рекол еден од посетителите.

Loading...