Home Естрада Жена му на Шабан Шаулиќ добро се нафатира – ја издаде куќата...

Жена му на Шабан Шаулиќ добро се нафатира – ја издаде куќата во која живееја за 8000 евра

Гордана Шаулиќ вилата од 800 квадратни метри во Белград во населбата Дедиње, ќе ја издава на една амбасада за вртоглава цена од 8.000 евра месечно, дознава курир.рс.
Гордана Шаулиќ повеќе од шест месеци сама живее во луксузната вила на Дедиње.

Куќата чија вредност се проценува од над околу милион евра, препишана е во наследство на нејзините три деца, Михајло, Санела и Илда, а Гордана има потполно право на живеење во куќата се до крајот на својот живот.

Заедно со договор со нејзините деца, таа одлучи да ја изнајми вилата по цена од 8.000 илјади евра месечно.

Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951а почина на 17 февруари 2019. Во текот на својата богата кариера во медиумите и од јавноста го доби прекарот „крал на народната музика“.

Легендата на народната музика Шабан Шаулиќ пред неколку месеци во раните утрински часови загина во тешка сообраќајна несреќа, а во автомобилот со него бил и музичарот Мирсад Кериќ кој управувал со возилото, како и кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ.

Шабан Шаулиќ беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.