Home Живот Син ми е реинкарнација на принцезата Дајана (ВИДЕО)

Син ми е реинкарнација на принцезата Дајана (ВИДЕО)

Дејвид Кембел е австралискиот ТВ водител кој  деновиве буквално го сврте целото внимание кон него поради тврдењето дека неговиот 4-годишен син всушност е реинкарнација на покојната принцеза Дајана.

Дејвид за јавноста открива дека со својата сопруга Лиса не можеле да поверуваат дека нивниот син знае буквално се за животот на принцезата која загинала во сообраќајна несреќа на 31-ви август 1997-ма година, кога имала само 36 години.

Дејвид вели дека тој и неговата сопруга Лиса тестирале колку детето знае за принцезата и дека биле шокирани од количината на детали кои ги знае за нејзиниот живот.

Тие всушност сметаат дека нивниот син Били е реинкарнација на принцезата откако тестирале колку детето знае за неа и биле шокирани од сите детали кои детето ги знае за нејзиниот живот.

Дејвид тврди дека тој и сопругата му покажувале на својот син фотографии од различни дворци и го прашувале „кој од нив е вистинскиот, односно дворецот Балморал?“, а детето го покажало вистинскиот, шкотски дворец, во кој принцезата Дајана и остатокот од семејството престојувале.

Тоа што е пострашно е фактот дека детето упорно повторува дека навечер по него доаѓаат духови и го земаат.

-Били не спиеше добро кога беше помал, а кога Лиса влегуваше во собата и го прашуваше зошто, тој одговараше: Затоа што доаѓаат и ме земаат.

Таткото вели дека Били постојано покажувал на кровот и додавал „но ме враќаат до утро“.

-Се започна кога некој на мојата сопруга и даде картичка со фотографија од Лејди Ди. Били тогаш имаше две години и покажа на картата и кажа: Види, тоа сум јас кога бев принцеза, вели Дејвид.

После тоа повторно ги шокирал родителите кога детално го опишал дворецот Балморал и зборувал за пријателите кои таму го посетувале. Не им е јасно од каде му е толкавото знаење за кралското семејство, со оглед на тоа дека тие на таа тема во домот речиси и да не разговараат.