Home Вести Дијаспора Ние што сме прва генерација во Австралија сме мачни души, ама затоа...

Ние што сме прва генерација во Австралија сме мачни души, ама затоа нашите деца живеат добро

Ние кои сме отишле во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век во Австралија сме навистина мачни души. Знаете како е да почнуваш од лажица и виљушка, па да купиш куќа, па коли, па школување деца…

Сме работеле по две работи, во фабрики, во ресторани, во сендвичари. Оние кои беа пекари и работеа по фурни, беа најмачни души. Замислете како е да станеш во три часот наутро, да одиш да замесиш тесто. Околу 8 сабајле ти завршува смената, па одиш во некоја фабрика на уште една работа.

Мака голема. И да биде иронијата поголема, сега на старост сме повторно ангажирани. Сега наша обврска е да се грижиме за внуците, да ги носиме и земаме од школо, да го чуваш кога мајка му и татко му шетаат.

Е добро, оваа мака е со ќеиф, сепак за внучињата живееме, но сакам да кажам, кога е некој осуден на работа, цел живот тоа го следи.

Затоа пак нашите деца, кои овде завршија школо, сега го живеат животот. Тие се лекари, инжењери, професори. Земаат големи плати, не им е проблем на лизинг да си купат кола, куќа. Можат и да си прошетаат кај сакаат.

Затоа, нека не се занесуваат младите дека во Австралија или Америка тече мед и млеко. Нека заминат само ако се спремни на тешка и макотрпна работа и да се жртвуваат за нивните наследници да живеат подостоинствен живот.

С.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се  превзема без дозвола од редакцијата на Галама.

Loading...