Home Естрада Откриено колку чини Дара Бубамара за една вечер

Откриено колку чини Дара Бубамара за една вечер

Дара Бубамара веднаш по настапот во Црна Гора, замина за Косово, каде што ја чека настап на приватна забава. Кога српска фолк ѕвезда пее во Косово тоа е шок вест сама по себе. Тоа е прослава организирана од Горанци за што ќе и биде платено 6.000 евра. Таа ќе пее во Призрен, каде што мнозинството од населението се Албанци.

– Минатата година пееше на мал стадион пред околу илјада жители Горанци, направи добра атмосфера и вети дека повторно ќе настапи во Косово, што ете и ќе се случи велат органзаторите.

– Ќе пеам со радост во Призрен. Верувајте, никогаш не се прашувам од која нација ме ангажираат, мојата работа е да ги израдувам луѓето, секој кој ги сака моите песни е мојата публика “, рече Дара.

Менаџерот Горан Лечиќ Лека вели дека Дара Бубамара е единствен српски пејач кој настапил во Косово по 1999 година. Тој вели дека Дара била многу добро прифатена на концертот организиран минатата година во Косово, дека луѓето таму ја сакаат и дека не постои страв дека ќе настапи таму.