Home Естрада (ФОТО) И на овие години е ТОП – Драгана Мирковиќ во бикини...

(ФОТО) И на овие години е ТОП – Драгана Мирковиќ во бикини под палма

Драгана Мирковиќ, една од Балканските фолк кралици, не ја гледаме често во провокативни изданија. На јавните настани и на фотографиите на социјалните мрежи, таа внимава на својот изглед и облека.

На Инстаграм страницата Фото Носталгија, која објавува главно постари слики од ѕвездите од поранешна Југославија, излезе фотографија од Драгана во бикини. Дури и на неа, пејачката не е сосема разголена, туку е делумно покриена со марама.

Драгана долги години живее во Виена со сопругот и со децата, а пред неколку месеци таа објави фотографии од својот луксузен дом. Со сопругот Тони ги имаат ќерката Мануела (16) и синот Марко (18) кои воопшто ги нема во медиумите.