Home Естрада Охриѓани пазете се – Ирена Спасовска се ,,расоблече” по Охридските плажи (ФОТО)

Охриѓани пазете се – Ирена Спасовска се ,,расоблече” по Охридските плажи (ФОТО)

Фолкерката Ирена Спасовска, од кога се разведе, знае често да биде присутно во провокативни изданија по социјалните мрежи.

На паузата меѓу нејзините настапи ова лето, таа го користи своето слободно време како би се расоблекла во своите црни бикини на некоја од Македонските плажи.

Па така откако пред неколку недели ги воодушеви своите обожаватели со „пикантни“ фотографии од нејзиниот одмор во Египет, таа повторно сподели со своите следбеници на социјалните мрежи фотографија на која позира во црни бикини.

Таа позираше на една од преубавите плажи покрај Охридското Езеро, а комплименти на сметка на нејзиниот изглед пристигаат од сите страни.

„Голем поздрав и пази се од убавите охридски момчиња“ и порача еден пријател во коментарите, на што пејачката не остана должна, па му одговори:

„Нема што јас да се пазам, нека се пазат тие“.