Home Естрада Нашиот популарен пејач: Јас се викам Александар Тарабунов Македонски

Нашиот популарен пејач: Јас се викам Александар Тарабунов Македонски

Нашиот популарен пејач Александар Тарабунов, денес гостуваше во утринска емисија на една наша национална телевизија.

Тој одговараше на многу прашања од водителката. Популарниот Тара раскажа како се родил неговиот летен хит ,,Луд сум по тебе”. Песната му ја подарил Роберт Билбилов:

Loading...

-Кога првпат ја слушнав песната, тоа беше инструменталка на која се ,,расправаат” труба и саксафон. Кога ја слушнав на прва ми се допадна, потоа кога го слушнав и текстот, ептен ми се бендиса и излезе убав летен хит.

Интересен податок кој го имаше водителката и му го постави како прашање на Тарабунов, е дека во детството Тара се претставувал како Александар Тарабунов Македонски. Еве што одговори Александар:

-Мојот татко работеше во Македонската радио телевизија. Тој можам да речам дека ми наметна да се чувствувам како Македонец и јас го додадов тоа Македонски на името и презимето, така се претставував.

Бидејќи бев мал, кога ќе ме прашаа како се викаш, многу симпатично изгледаше мојот одговор: Александар Тарабунов Македонски.

Инаку таткото на Александар, Ванчо Тарабунов е познат исполнител на Македонски народни и патриотски песни.

Loading...