Home Вести Свет Еден од противниците на Путин кој протестираше на плоштадот во Москва, доби...

Еден од противниците на Путин кој протестираше на плоштадот во Москва, доби притвор

Руските власти денеска ги почнаа правните постапки против демонстрантите кои беа уапсени на неодобрениот протест во саботата, во центарот на Москва, јави ДПА.

Познатиот опозиционер Илја Јашин, кој беше притворен за време на протестот, денеска доби 10-дневен притвор. Јашин е еден од неколкуте опозициски политичари кои го инциираат протестот заради контроверзното одбивање на независните кандидатури од гласачкото ливче на изборите за Градскиот совет, закажани за септември.

„Причината за ова процесуирање е мојата политичка активност“, изјави Јашин во соопштение. „ Јас сум постојан критичар на претседсателот Владимир Путин, градоначалникот Сергеј Собјанин и руската владеачка партија. Јас сум личноста чија уста властите сакаат да ја затворат“, соопшти Јашин.

Првиот кривичен предмет против еден од притворените демонстранти се темелеше на тврдењето дека демонстрантите, наводно, фрлале ѓубре врз полицајците, јавија државните медиуми. Прекршокот – напад врз претставник на законот – се казнува со затвор до пет години, пренесува ДПА.