Home Естрада Екс сопругот на Северина: Таа е лоша мајка – го оставила син...

Екс сопругот на Северина: Таа е лоша мајка – го оставила син ми со непознати

Поранешниот сопруг на Северина, Милан Поповиќ неодамна изјавил дека покренал постап за одземање на старателството на Северина врз нивниот син Александар затоа што бил исплашен за неговиот живот.

Милан вели дека Александар му се јавил да му каже дека Северина го оставила сам со непознати луѓе.Северина е лоша мајка, го остава син ми со непознати луѓе кога оди на пат, а тој стравува за својот живот.

Јас се залагам за неговата приватност, но Северина упорно објавува негови фотографии на социјални мрежи.Очигледно нема намера да престане. Таа постојано говори дека е горда на Александар ѝ тоа постојано го објавува на социјалните мрежи, иако има голем број на предупредувања од експерти, дека тоа е штетно за него.

Александар следната година треба да почне да оди во школо.Јас сметам дека треба да оди во приватно школо со ограничен број на деца, додека Северина инсистира поради социјализација, Александар да оди во јавно школо.

Според мое мислење, мојот син е изложен на можно исмејување од своите врсници кои знаат бидат немилосрдни. Јас како татко сакам максимално да го заштитам“, вели српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.