Home Живот Синот на Шабан Шаулиќ е тешко болен – нема пари за лекови...

Синот на Шабан Шаулиќ е тешко болен – нема пари за лекови и храна

Роберт Шаулиќ е вонбрачен син на Шабан Шаулиќ кој јавноста можеше да го види на погребот на легендарниот пејач. Тој има 47 години, а како што пренесуваат медиумите тој е во тешка здравстена, но и финансиска состојба.

Според зборовите на бубњарот на Шаулиќ, Саша Иметовиќ Бате, Роберт живее во Зрењанин заедно со уште една повозрасна жена која го одгледала.

Наводно таа жена е сосетката Радованка која го земала Роберт од улица кога имал 10 месеци. Тој денес има 47 години и тешко е болен.

Радованка изјавила дека Шабан го посетувал Роберт и дека му давал пари. Исто така таа потенцирала дека Шабан се јавувал за да праша дали им треба нешто. Според пишувањата на медиумите, Роберт е тешко болен. Тој речиси нема ни пари, а соседите тврдат дека нема доволно пари да купи потребните лекови и храна.

Тие тврдат дека токму поради неговата доброта собираат пари за да му помогнат да има подобар живот. Тие наведуваат дека тој често ги чува и повозрасните луѓе кои му даваат пари за да преживеат.

„Тој е човек. Не слушнав ниту еден лош збор за него. Знам дека имаше една љубов, но дека раскина“ вели сосед на Роберт.

Извор: Вистина

Loading...