Home Вести Македонија КАНАЛ 5: Која е Јасна Мандиќ – ,,компањонката” на Боки 13 и...

КАНАЛ 5: Која е Јасна Мандиќ – ,,компањонката” на Боки 13 и косопственик на 1ТВ

Дали потпретседателката на Меѓународниот Сојуз на Боки 13 и негова бизнис партнерка во 1ТВ, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ е главниот лик преку кој одел трансферот на парите за старечки домови кои никогаш не биле изградени?

Сомнежите во јавност се отворија откако прво пензионерката Лилјана Тодоровска, за Телма сведочеше дека, „девојка од Меѓуанроднито сојуз“ во торба и ги зела 730.000 евра, уплатени од фирмата Пелистер, веднаш откако ги подигнала од банка , а потоа беше објавен и документ кој потврдува дека фирмата Дрим Билдинг лично на сметката на Мандиќ уплатила 233.000 евра, кои птооа си ги барале назад со камата поради неисполнети обврски од договорот.

Мобилниот телефон кој до скоро го користела Јасна Ерцеговиќ Мандиќ е исклучен.. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со неа и преку и преку меил, но досега одговор не добивме. Интересно во врска со неа е што, во одредени случаи, како на пример на страницата на Меѓународниот сојуз го користи само презимето Мандиќ, накаде како на пример во Агенцијата за медиуми е пријавена само како Ерцеговиќ, а некогаш, како ова гостување на 1ТВ се претставува со двете презимиња. Дали станува збор за случајност или некаква намерна игра со презимињата, останува непознато.

Инаку, според јавно достапните информации, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ е управител на 1ТВ и сопственик на 5 % од БМЈ медиа груп, во која како мнозински сопственик се појавуват таткото на Боки 13, Миле Јовановски..

Начинот на финансирање на телевизијата уште од формиањето преизивикуваше љубопитност во јавноста, со оглед на големите средства потребни за фунционирање. Бојан Јовановски, во свеото последно интервју пред да биде уапсен под сомнеж за рекет од 1,5 милион ерва од бизнисменот Орце Камчев, тврдеше дека парите за телевизијата му се од семејното наследство.

Извор: Канал 5

Loading...