Home Останато (ФОТО) Новата Лада Нива кога ќе излезе од производство ќе биде најубавиот...

(ФОТО) Новата Лада Нива кога ќе излезе од производство ќе биде најубавиот џип на светот

Назначувањето на нов дизајнерски тим од пред неколку години придонесе за Niva да го напушти традиционалниот дизајн и да прерасне во нов, модерен и многу привлечен SUV возило.

Овој концепт кој е под називот 4×4 Vision е претставен на саемот за автомобили во Москва и токму овој концептен автомобил треба да го најави новиот модел Lada Niva 4×4.

Концептт премиерно го претстави Стив Матин, шефот за дизајн во AvtoVAZ за кого може да се каже дека успеал да интегрира модерна дизајнерска филозофија во руската легенда.

Како и за останатите модели кои ги претстави на овој саем AvtoVAZ не открива многу информации околу техничките и комерцијалните карактеристики на овој концепт. Она што е познато во јавноста произлегува од руските медиуми кои тврдат дека новата Niva ќе се појави кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.

Овој SUV кој е 420 цм долг ќе биде опремен со 1.8 литарски бензински мотор со 122 КС, а со него доаѓа и целосно нов трансмисионен систем. Тука е и целосно новата внатрешност каде се додадени бројни нови детали, а централно место зазема LED дисплејот осетлив на допир преку кои може да се зададат најразлични команди на автомобилот, а истовремено да се интегрираат повеќе смарт уреди.

За прв пат овој модел се појавува во 1977 година, а интересно е што се произведувал на девет локации во светот и тоа во Амам (Јордан), Кито (Еквадор), Букурешт (Романија), Черкеси (Украина), Каиро (Египет), Монтевидео (Уругвај), Тољати (Русија), Тебес (Грција) и Каменогорск (Казахстан).

Во зависност од пазарот Lada Nivа во светот е позната и под името Diva (Уругвај), Cossack (Велика Британија), Job (Италија), Taiga (Германија), Bushman (Австралија) итн.