Home Вести Македонија Весна Бејбе: Господине Заев, јас ќе ви кажам како се живее во...

Весна Бејбе: Господине Заев, јас ќе ви кажам како се живее во Македонија

Статус на Весна Петрушевска: ,,Дали навистина? Не знам за Вас ( ќе го задржам моето домашно воспитување и не Ве познавам, така од онаде ќе Ви направам муабет ) господине Заев, но еве јас ќе кажам за себе.Патем ич не се занесувам дека ќе Ви значи овој мој муабет, но затоа што се фалите и мене ми дојде да Ви се пофалам колку е убаво ова место за живеење.

Почнувам: -мојот син има 16 години и уште оваа година ќе живее во Македонија.Следното лето заминува во САД.Едвај чека да се школува во Америка ( фала богу има татко ,па може да му обезбеди) и не поднесува во буквална смисла на зборот што се случува.Инаку легалист ми е детето, знае! Вие сте родител, верувам ме разбирате!

Емпатични сте, така барем повторувате постојано.Знаете колку е поразително кога дете од 16 години ќе соопшти:”Мамо јас ќе одам да учам и ќе те повлечам и тебе.Се утепа од работа за ништо.”

Така некако се живее во нашата земја господине Заев. Каде е системот за да ги мотивираме нашите деца? Каде е грижата за жртвите на сексуалното насилство?
Каде е поддршката за семејствата кои имаат деца со посебни потреби? Им направил некој муабет?Ги охрабрил?
Каде е грижата за културолошка насока кај најмалите?

Сите сме заглавени во кредити и живееме од денес за утре.Ох да не заборавам и слушаме снимки со навредлива содржина.

Еве да Ви кажам господине Заев дека утре ( не дај боже скраја да е) умрам ќе ја ставам државата на трошок , затоа што не можам да “тргнам” денар на страна за не дај боже де.

Некако така се живее во нашава земја.Ама затоа народните пратеници, министри немаат гајле.Заборавив на одмор сте, јас не отидов на одмор.Јас сум една од тие 62% кои не можат да одат на одмор.

Така се живее во Македонија, чесно! За друг начин немам поим.
Поздрав кај и да сте! Поздравете по дома, на плажа и околу!”