Home Живот Бафет: Ураганите Катерина и Мајкл ќе удрат, можеби утре, можда по години...

Бафет: Ураганите Катерина и Мајкл ќе удрат, можеби утре, можда по години (ВИДЕО)

Голема штета ќе предизвикаат ураганите Катерина и Мајкл, тоа сигурно ќе се случи – можеби утре, можеби за неколку децении, напишал Бафет во годишното писмо до акционерите на компанијата „Беркшир Хадавеј“ од Омаха.

Според неговите зборови таа катастрофа може да биде ураган, земјотреси или може да биде сосема некое изненадување, како што е сајбер-напад кој би можел да има незамисливи последици. И додека другите во неговите зборови ја гледаат само катастрофата, 88-годишниот Бафет гледа и работна прилика.

-Кога таква мега катастрофа ќе удри, ќе имаме загуби и тие ќе бидат големи, многу големи. Сепак за разлика од многу други, ние веќе наредниот ден ќе настојуваме да ја прошириме работата, напишал тој.

Бафет е еден од најуспешните светски инвеститори кого поради неговите инвестициски предвидувања го нарекуваат „пророкот од Омаха“.

Судејќи според извештаите на геолозите, сеизмолозите и на другите други научници последните години, две работи се јасни: големи се доказите за улогата на константната промена на климата и второ, нашата способност која се подобрува за да го предвидиме ризикот од доаѓањето на природните катастрофи.

Loading...