Home Вести Македонија Лиле Стефанова: Чифлиганец мене не ме демантирал

Лиле Стефанова: Чифлиганец мене не ме демантирал

По пет часа распит од страна на обвинителката за организиран криминал и корупција Ивана Трајчева, обвинителката од СЈО Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“ го напушти обвинителството.

Таа кажа дека сè што имала да сподели со јавноста веќе го направила тоа, и дека ништо повеќе од што веќе го кажа во однос на влијанието врз неа за истрагата „Империја“ не може дополнително да каже јавно.

Loading...

Другите детали рече дека ги кажала пред Обвинителството за организиран криминал.

Кога беше побаран коментар од неа за бизнисменот и нејзин долгогодишен пријател Ванчо Чифлиганец дека ја демантирал дека преку него осомничените Цветан Панделески и Орце Камчев вршеле влијание за запирање на „Империја“ таа рече:

„Никој мене не ме демантирал, Чифлиганец мене не ме демантирал“ и си замина од зградата.

Целиот текст прочитајте го на СДК

Loading...