Home Вести Македонија Заев: Нема да дозволам поради еден суетен новинар и еден п едер...

Заев: Нема да дозволам поради еден суетен новинар и еден п едер да падне владата

Премиерот Зоран Заев денес по приемот за годишнината од Рамковниот договор даде изјава дека немало за дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, п едер, да ја бутнеле Владата.

-Секаде за кој ќе има докази, кој е инволвиран во земање на пари, секој го прекршил законот, ќе си одговара. Нашата земја нема стрелање и бе сење, има затвор.

Шпекулациите кои одат до таму, обидувајќи се некој да ме инволвира мене, уште еднаш да напоменам, јас сум Зоран Заев, дојдов со поддршка од граѓаните, борејќи се за правна држава.

Јас сум борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај, додека граѓаните ми даваат поддршка. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден п едер, да ја симнат оваа влада од власт. Не, ќе се бориме до крај, затоа што секој што се инволвирал, ќе си носи одговорност, рече Заев.

Изјави по одбележувањето 18 години Рамковен договор

Публикувахте от MИА.mk в Вторник, 13 август 2019 г.