Home Живот Боки 13: Па јас најмногу пари имам направено од оние што ми...

Боки 13: Па јас најмногу пари имам направено од оние што ми викаа види го ,,пeдер”

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, кој во последно време е актуелен како осомничен во случајот „Рекет“, во едно интервју за емисијата „Еден на еден“ изјавил дека за она што треба да го сработи, или наплаќа многу или работи за џабе, бидејќи не сакал да се пазари и некој да му ја потценува вредноста.

Во ова интервју тој признава дека наплатил 200.000 евра за 4 месеци за турнеја во Србија и додава дека најмногу заработил од оние што со потсмев го нарекувале педер и зборувале „Види го, педер“.

„Ако некој нема да ме плати, му кажувам немој да ми ја потценуваш вредноста, или плати ме како што треба или ќе ти работам за џабе. Најмногу сум наплатил од оние што ми се смееле и ми викале ‘Види го, пеер’. Генерално сме сеирџиски народ и ако не знаеш да му пласираш шоу на народот, поарно седи си дома“, вели Боки 13 во ова интервју, кое одеше во етерот пред 2 години.

Јовановски во ова интервју додава дека кога имал закажано и требало да одржи концер во салата „Борис Трајковски“ во 2011 година, не продал доволно карти, однсно успеал да продаде само околу 1.000 и нешто, по што јавно излегол да ја каже вистината.

„Јас немам продадено карти, се повлекувам. Вам сум ви здосадил, а и вие мене пута пет, нема љубов меѓу нас. Тука ставив рез и одлучив да не се појавувам на телевизија и да променам нешто. Ми здосади сѐ. Бев постојано на насловните страници, но ми стана досадно и сфатив дека мојот интелектуален капацитет не можам да го реализирам во естрада. И тргнав да се бавам со проект за човекови права“, изјавил тогаш Боки 13.

Тој во интервјуто додава дека неговите реплики се паметат не затоа што биле многу паметни, туку затоа што биле искрени.

Реалното шоу „Велики брат“ во кое учествуваше, Боки 13 признава дека му помогнало да се пробие на Балканот и дека ако не учествувал во ова реално шоу, тогаш патот ќе му бил потежок.