Home Естрада Драган Вучиќ е како мачка – веднаш се прешалта на нова телевизија,...

Драган Вучиќ е како мачка – веднаш се прешалта на нова телевизија, со ново шоу

Тв водителот и пејач, Драган Вучиќ, со сопругата Весна ужива на одмор во Грција. Вучиќ имаат свој апартман на самата плажа во Неос Пантелеимонас, на патот кон Лариса.

„Ова е еден мал залив. Се будиме рано, задолжително пливам уште во раните утрински часови околу седум часот, најубаво е денот да ти почне така. Вечерите ги поминуваме со драгите пријатели кои се секогаш со и до мене, во разни таверни со морски специјалитети, буквално да се одмориш од сите проблеми по напорната сезона“, изјави Вучиќ за Женски Магазин.

Вучиќи имаат свој апартман на самата плажа во Неос Пантелеимонас, на патот кон Лариса

По актуелните случувања со телевизијата чии вработени во моментов се на принуден одмор, Вучиќ од следната сезона подготвува ново кулинарско шоу на друга фреквенција.

„Од октомври ќе се емитува најновото шоу кое ќе се вика „Гурмански муабети“ и ќе оди на Телма ТВ. Концептот на шоуто е готвење со познатите личности од поранешна Југославија, кои заедно со готвачи ќе ги подготвуват нивните омилени јадења. Емисијата ќе се снима во Белград, Загреб и во Сплит“, ни откри Вучиќ.

Целиот текст прочитајте го на Женски Магазин