Home Вести Македонија Прес 24: Утре е денот Д за Катица Јанева

Прес 24: Утре е денот Д за Катица Јанева

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава изјави за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, но од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија не откриваат дали и кога ќе биде повикана нивната шефица Катица Јанева.

Неофицијално, Канал 5 од извори од истрагата дознава дека утре исказ ќе даде шефицата на Кабинетот на Јанева.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката, соопшти дека нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ.

Извор: Прес24