Home Вести Македонија Шеќеринска: Никој нема да биде заштитен

Шеќеринска: Никој нема да биде заштитен

Иако првично беше најавено, сослушувањето на специјалниот обвинител Бурим Рустеми за случајот Рекет во Обвинителството за организиран криминал е одложено за утре поради тоа што денеска се одржа судското рочиште на СЈО ТНТ.

Наместо него била сослушана шефицата на кабинетот на Катица Јанева, со што досега се сослушани тројца од Специјалното јавно обвинителство. Претходно свои искази дадоа и обвинителките Лиле Стефанова која го води случајот Империја и Елизабета Јосифовска, која како заменик на Јанева, го потпишала решението за давање времен пасош на Орце Камчев.

Засега Јанева се уште не е повикана на сослушување, но неофицијално, се очекува тоа да биде во текот на идната недела. И додека се вршат распити на вработените во СЈО се уште е нејасно каде завршија еден и пол милион евра, кои уредно спакувани со ластиче се видоа на видео снимката во која Орце Камчев му ги предава на Боки 13 во ташна Луј Витон.

Од Обвинителството велат дека во истрагата се уште се води во овој дел, за да се утврди и каде завршиле парите, а се уште се проверуваат сметките не само на Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец кој се во притвор, туку и на други лица за кои има сомневање за можна вмешаност.

За случајот Рекет денеска говореше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска која рече дека никој нема да добие заштита за овој случај и дека секој кој што е вмешан ќе одговара.

Оваа држава се промени и во оваа држава кога ќе се види криминал институциите реагираат и двајца се веќе во притвор. Кога за прв пат излегоа некакви информации, премиерот го пријави случајот, изјави Шеќеринска и порача дека секој што е вмешан ќе одговара.

Loading...