Home Вести Македонија Новиот закон за возила стапува во сила – еве кои се бенефитите

Новиот закон за возила стапува во сила – еве кои се бенефитите

Министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за ТВ Алсат најави дека се предвидува да се субвенионира и набавка на половни возила со EURO 5 и повисок стандард од салоните на импортерите на половни возила по принциопот старо за нова, а единствен услов за тоа е да се одјави претходното возило.

Тој неодамна ги презентираше измените во Законот за возила и посочи дека се плод на барањата на граѓаните за намалување на загадување на воздухот од страна на возилата и се однесуваат за две важни подрачја, сообраќајот и екологијата.

Прецизира дека субвенционирањето се очекува да почне од наредната година, но додаде дека е можно да се случи и порано доколку се обезбедат средства со најавениот ребаланс на Буџетот.

Бектеши појасни дека со измените се воведуваат субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас (плин) или компримиран земјен гас односно метан, субвенции за купување на ново возило илиполовно возило што ги задоволува повисоките еколошки стандарди, ако претходно користеното се одјави.

Се воведува и еколошка категоризација на возилата во зависност на стандардите кои ги исполнуваат. Тие доброволно ќе се одбележуваат со зелена, жолта и црвена налепница, а се воведуваат и жолти регистарски таблички за таксистите и унифицирана светлечка табла за такси возилата.

-Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво, рече тогаш Бектеши.

Извор и целиот текст прочитајте го на Република